Засади ја својата иднина
															 
Буџет:  40 000 денари
Период на имплементација:  Април - Декември 2021
Донатор: Буџет на Општина Неготино

Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај Спомен костурницата, површини покрај општински улици и патишта, училишните дворови, просторот околу детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини, да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница.
 
специфичните цели:
·         Обука на млади еко-активисти
·         Производство на садници од автохтони видови
·         Производство на декоративни украсни растенија
·         Организирање на еколошки  акции за садење на дрвата,соработка со други здруженија и Комуналец
·                  -        Поттикнување на младите за Иновативни мерки 
 Повеќе информации можете да добиете на ekovita@hotmail.com