Проекти

Натпревар за готвење на соларна енергија

 

 

 

КОНКУРС

 

Здружение на граѓани ЕКОВИТА организира еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија.

Се повикуваат учениците од прва до трета година, од СОУ Св. Кирил и Методиј од Неготино да се пријават во групи составени од 5 ученици.

Пријавата за учество на натпревар ќе ја побарате на следниот емаил:

   ekovita@hotmail.com

Во пријавата се наведуваат учесниците, водачот на групата и рецептот кој треба да се подготвува.

Работната облека, матерјали и соларните печки за натпреварот ги обезбедува ЕКОВИТА

пријавувањето на групите трае до 1 Јуни 2019г.

Пополнетата апликација ја испраќате на ekovita@hotmail.com

Ќе се изберат 4 групи финалисти кои практично ќе приготват рецепти на соларни печки. Натпреварот ќе се реализира во почетокот на Септември на плоштадот во Неготино.

Резултати од конкурсот ќе се објават на 3 Јуни 2019 г.

Со финалистите е предвидено практична обука за готвење  на соларните печки пред натпреварот.

Најдобриот тим на натпреварот ќе добие лаптоп и проектор.

за повеќе информации на моб. 070 684 036

www.ekovita.mk

20.05.2019г                                         Здружение на граѓани ЕКОВИТА

Неготино                                        дипл.инж. биолог Сашко Тодоров